еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од  нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, ценејќи
ги фактите и околностите во предлозите донесе решенија со кои: -Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решнија на кривичен совет, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост – се одбива како неосновано. Предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост – се одбива како неосновано, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија, како што стои во соопштението, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кревети на Катица Јанева и мебел, гардероба и чанти на Боки 13 одат на продажба

КОД: Во телефонот на Боки 13, фотографија на Јанева со 50 илјади евра

Фото: Истаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глобите за царински прекршоци намалени за 75 отсто

Редакција

Каков имот пријавила Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд

Редакција

Обвинителството отвори предмети за неколку евентуални изборни нерегуларности

Редакција