Поминаа неколку месеци откако во јавноста беше обелодената аферата „Рекет“ по што обвинителството поднесе обвиненија против Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Зоки Кичеец на кои вчера во Кривичниот суд им беа отфрлени приговорите што значи дека наскоро треба да почне судењето за овој случај.
Имено, од судот соопштија дека отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет и истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени.
Сега јавноста е во исчекување на судењето кое може да донесе многу непријатни сведочења и докази.
Не треба да се заборави дека пред да биде приведен Боки 13 во интервју на сите што не го сакаат им порача дека тој поседува еден клучевите од „Пандорината кутија“.
Тој изјави и дека живее за да ја каже вистината за „Рекет“. Останува да се види каква ќе биде неговата верзија за овој случај и дали евентуално е можно на површина да излезат и други звучни имиња поврзани со оваа афера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прифатено обвинението за „Рекет“: Наскоро ќе биде закажано првото рочиште
Парите од „Рекет“ се уште не се пронајдени, Русковска смета дека се потрошени
Заев очекува Фросина Ременски да докаже дека е невина за „Рекет“
Обвинението за „Рекет“ открива како ги трошел парите: Боки 13 бил невработен, а живеел луксузно
Фото: Фејсбук/Боки 13