еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Предизборна „бомба“ на Милошоски: Ќе има ли нови?

Додека политичките партии преговараат за Законот за јавно обвинителство, со кој меѓудругото треба да се реши иднината на „бомбите“, пратеникот Антонио Милошоски од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ во Собрание објави нова.

На аудио-материјал, кој го пушти од собраниската говорница како што рече тој се слуша гласот на З.З. како збори за финансирањето на телевизијата на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Снимката, како што изјави Милошоски била доставена од „свиркач“ и истата, оценува тој, содржела индиции за вмешаност во криминал.

СДСМ го повика Милошоски материјалот да го достави до институциите.

Аудио снимките, или популарно наречени “бомби“ во Македонија веќе со години се главното орудие за политички, но и бизнис пресметки.

Се започна во 2015 година кога истите почна да ги објавува тогашниот лидер на опозицијата и поранешен премиер Зоран Заев, а по него се појави плејада на други “објавувачи“ од Никола Тесла до U6e Big.

Јавноста никогаш не дознаа кои се „објавувачите“, освен кој стои позади прекраот Ел Чека, кој самиот и се престави на јавноста, па доби условна казна, која не ја почитува и продолжи да си објавува „бомби“.

Прашањето пак кој всушност стои зад Ел Чека, кој објавува „бомби“ исклучиво за владејачката ДУИ е друга тема.

Јавноста не дозна и официјално кој тоа прислушувал над 20.000 граѓани, бидејќи предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои ја третираат таа проблематика се уште немаат завршница, а СЈО во меѓувреме скандалозно стана историја, па овие предмети завршија во Јавното обвинителство.

Тоа што кој ќе стигне објавува „бомби“ доволно покажува колку се ерозирани македонските институции, кои треба да го спречат овој тренд, кој и носи сериозна штета на државата, но и дека материјали стекнати на нелегален начин со прислушување на телефонски разговори или на друг начин поседуваат многу различни структури, кои без проблем за свои цели, а не за доброто на граѓаните, истите ќе ги објавуваат и во иднина.

Така да нема биде никакво изненадување, посебно сега пред избори да се појават и нови „објавувачи“ и да слушаме нови и нови “бомби“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Редакција

Поднесени обвиненија за 6 лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“: Автобусот бил технички неисправен подолго време

Редакција

Убава вест: 85 оздравени од Ковид-19

Редакција