Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште нема предлог за нов министер за труд и социјална политика во техничката Влада, откако вчера во утринските часови пратениците во македонското Собрание ја разрешија Рашела Мизрахи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи
Во меѓувреме техничкиот министер Оливер Спасовски испратил барање до ВМРО-ДПМНЕ да предложат нов кандидат за оваа функција.
Македонското Собрание е планирано да се распушти денеска на седница планирана за 12 часот попладне, па ако не стигне нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да се гласа во Парламентот, министерската функција во Министерството за труд и социјална политика може да ја преземе заменичката на Мизрахи, Санела Шкријељ, кадар на СДСМ или пак техничкиот премиер Спасовски може да ја извршуваа таа функција до предвремените парламентарни избори на 12. април.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред разрешувањето на Мизрахи повика на достоинство и разум и изјави дека нејзиното разрешување може да доведе до нова политичка криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мицкоски со заедничка фотографија со министерката Мизрахи го коментира нејзиното разрешување
ПОРТРЕТ: Која е Санела Шкријељ, новата заменик министерка за труд и социјална политика