еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Научниците веќе докажаа дека корона вирусот може подолго време да преживее на површината на различни предмети меѓу кои и на мобилните телефонски апарати односно смартфоните.

Со оглед на тоа што тие често се користат и со валкани раце, нивното правилно чистење може многу да придонесе во спречување на ширењето на корона вирусот.

Затоа, „Би-би-си“ објави едукативно видео на кое д-р Лена Кирик, микробиолог од Универзитетскиот Колеџ Лондон објаснува дека за чистење не треба да се употребува 100% алкохол, ацетон или други хемиски средства да не се оштетат смартфоните.

Таа препорачува бришење со течен сапун и вода како ефективен начин за целосно чистење. При тоа, мора да се внимава влага да не допре до приклучоците за струја и УСБ портовите за да не дојде до оштетување.

Според „Епл“, нивните апарати може да се чистат и со марамици навлажнети со 70% алкохол кои може да се најдат во продавниците за компјутери и телефонска галантерија.

По чистењето на телефоните веднаш измијте ги рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 67 заболени од корона вирусот: 19 нови дијагностицирани, а во „Жан Митрев“ се позитивни уште 17 нови кои треба да бидат потврдени

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Видео: Youtube/BBC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена, па ослободена руска новинарка во Косово

Редакција

Бугарскиот европратеник Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата

Редакција

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција