Најуспешниот македонски документарен филм „Медена земја“ во сабота (18 април) ќе има телевизиска премиера на „Телма“.
„Медена земја“ беше номиниран во две категории за наградата „Оскар“ и освои награди на голем број реномирани фестивали во светот.
Станува збор за филм кој направи историски успех бидејќи е прв документарен филм кој на „Оскарите“ беше номиниран и во категоријата за најдобар филм од странско говорно подрачје рамо до рамо со играните филмови.
Премиерата на „Телма“ е закажана со почеток во 19:20 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Како се роди „Медена земја“
„Атиџе е нашиот Оскар“: Твитер реакции за „Медена земја“ и Оскарите
(ВИДЕО) Атиџе прекрасна: Како изгледаше екипата на „Медена земја“ на Оскарите
Нема место за разочарување: „Медена земја“ не сплоти и испиша историја
Фото: Промо