еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Професор Трајковски објаснува каков ќе биде новиот бран на Ковид-19

Ви ја пренесува новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализа на состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“Ако Битола заостанувала зад државниот просек во претходните бранови, сега не губи време. 14-дневната инциденца во Битола (зелената линија на вториот дијаграм) блиско ја следи 14-дневната инциденца на државно ниво (црвената линија).

Со 14-дневна инциденца над 20 случаи на 100.000 жители, веќе се наоѓаме во средината од вториот степен на ризик, за десетина дена влегуваме во третиот, а пред први септември и во четвртиот.

Таман за учебната година да започне речиси на врвот на бранот.

Овој бран, заради високиот репродукциски број, ќе биде стрм, висок и тесен (пократкотраен), слично како во Велика Британија.

За жал, стапката на леталитет не е ниска, ако судиме според Скопје и Тетово (иако сме на самиот почеток за попрецизни вредности), па можно е да има повторно гужви во болниците и многу смртни случаи, но сето тоа да трае пократко време.

Во секој случај, во претстојниот бран морталитетот нема да биде низок како во Велика Британија, заради многу помалиот опфат со вакцинација кај нас“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте

Професор Трајковски: Веќе сме во нов бран на Ковид-19, пикот би бил околу 10 септември

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

Редакција

Денеска е Велик Петок: Најтешкиот ден во годината поради распетието Христово

Редакција

Отец Пимен: Стоилов треба да е почитуван како шампион и човек што цврсто стои на својот став

Редакција