За само три дена, Македонија, за да дадат подршка за престојниот референдум ја посетија тројца високи преставници на НАТО и Европската унија.
Во Скопје престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг и австрискиот канцелар Себастијан Курц.
И тројцата политичари испратија иста порака, граѓаните да излезат на референдумот и да заокружат „ЗА“, бидејќи од гласањето зависи зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.
Јасно посочија дека без прифаќање на договорот со Грција нема НАТО и ЕУ.
Неколкуте анкети кои беа направени изминатиов период покажаа дека голем број македонски граѓани се уште не одлучиле дали и како ќе гласат на референдумот, а истите покажаа проценки за различна излезноста, која би се движела од 40 до 57%.
Дали македонските граѓани ги разбраа пораките на Меркел, Столтенберг и Курц ќе видиме наскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни Меркел не го предомисли Мицкоски за договорот за името со Грција
Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември
(ВИДЕО) Курц: Гласајте „за“ договорот и „за“ европска перспектива на Македонија