еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма и МЦМС: Македонските граѓани немаат доверба во ниту еден политичар

Најголем процент од граѓаните, 39,9%, во најновата анкета на Телма и МЦМС, што ја напрви агенцијата М-проспект, одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев има рејтинг од 21,4%, но рејтингот му е во благ пад.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени, со раст во личниот рејтинг, а пад на рејтингот има и кај претседателот Ѓорге Иванов, чиј рејтинг застанува на само 6 отсто.

Следува лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 5,7, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села со 3,8 и азилантот Никола Груевски, чиј рејтинг е во слободен пад со 2,7%.

Големата поддршка на Заев доаѓа и од популарноста кај Албанците – со 17,6% поддршка, тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци. Прв е Ахмети со 23 %, а трет Села со 16 %.

Анкетирани се 1.014 испитаници, телефонски, во периодот од седми до 15 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на Телма и МЦМС: СДСМ најпопуларна кај Албанците, ВМРО ДПМНЕ кај Македонците

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не сакаат ни амнестија за упадот во Собрание, ни избори

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полска донираше 200.000 вакцини за Македонија: Ѓоргиевска и Дуда апелираа до граѓаните да се вакцинираат

Редакција

Без маска на отворено од 1 јуни, свадби со 100 гости, а полицискиот час да остане, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Анкета: 57,8% од граѓаните ќе излезат на референдумот, а 40,9% ќе гласаат „за“

Редакција