еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев прашува како четири земји, три од нив членки на НАТО и наши пријатели, го дозволиле бегството на Груевски

Истрагата ќе ги открие деталите за бегството на Груевски, но останува прашањето како четири земји, наши пријатели, тоа го дозволиле, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по работната посета на Струмица.

Заев очекува јавноста многу брзо да биде информирана што точно се случувало во Македонија околу бегството на поранешниот премиер.

-Јас сум информиран од МВР и знам досега до каде се стигнати работите и верувам дека во многу брзо време на јавноста ќе и бидат соопштени деталите што се случувало во Република Македонија, бидејќи знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и во Унгарија.

Останува прашањето како тоа наши пријатели, четири земји, тоа го дозволиле и секако останува прашањето како тоа три земји членки на НАТО, демонстрирајќи владение на правото, го кажувам тоа под наводници, во време кога македонското општество, македонскиот парламент сериозно е фокусиран заради огромната инспирација со право да се биде членка на ЕУ и НАТО, токму тоа се случува. Но, затоа се истрагите, затоа се информациите коишто следуваат да бидат споделени со јавноста, истакна Заев.

Сите видовме, дополни тој, а и потврдија дека со дипломатски возила на Унгарија и придружуван од унгарски дипломати, Груевски стаса во Будимпешта.

Заев жали што МВР се уште не може да излезе со детална информација. Рече и дека го почитува тоа што Јавното обвинителво е во сериозна истрага и додека трае истрагата, повтори, не може да се соопштуваат сите детали.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаши смета дека не е прекршен Охридскиот договор, “Мајскиот“ не е дел од Уставот

Редакција

Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Брзи тестови за Ковид-19 од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Редакција