еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство поведе истрага за застрелувањето на Ваљон Беља: Три лица приведени, едно во бегство

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поведе истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Како што соопштија од ОЈО во Скопје тие се теретат по член 386 став шест во врска со став три и во врска со став еден од Кривичниот законик.

„Тројцата се осомничени дека на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда“, соопшти ОЈО.

Тројцата осомничени се приведени и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а непознатото лице инволвирано во настанот е во бегство.

Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот.

Во инцидентот беше ранет Ваљон Беља, економски директор на Клиниката за Гинекологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ДУИ молк за застрелувањето на Ваљон Беља

Кој е Ваљон Беља, кој беше застрелан во скопски Чаир

Пукање во Чаир: Функционерот од ДУИ, Ваљон Беља застрелан во потколеницата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар

Редакција

Заев и дел од министрите до 12. август на одмор

Редакција

Иванов за последен пат ќе се обрати пред пратениците на 28 декември

Редакција