еМагазин
Image default
Македонија

СЈО предлага домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски, за Мијалков се уште нема мислење

За Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор, потврдија за МИА од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Оттаму велат дека за Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“ се уште нема дадено мислење.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.

– За причините во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја“ најважни се материјалните докази кои во оваа фаза успешно се прибавени, нагласуваат од СЈО за МИА.

Освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Судот велат дека нема ниту една одлука за укинување или преиначување на мерките во „Империја“

Апелација денес или утре ќе одлучува по жалбата на Орце Камчев

Од притвор излегуваат Камчев, Мијалков, Јанакиески, Божиновски, Панделески…?

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мицкоски да дојде, премиер да биде?“: Заев не размислувам за оставка

Редакција

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

(Видео од дрон) Мицкоски на протестот од Велес уште еднаш го повика Заев на дуел

Редакција