Последниве неколку денови, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот и Централниот комитет на партијата, Влатко Ѓорчев ја „сврте“ Македонија.
За Водици беше во Битола, Прилеп и Ресен, па потоа беше и во Берово, Крива Паланка, Ранковце, Ратево и Мождивњак.
Во Ратево, Беровско беше и на карневалот што се одржува веќе 500 години.
Претходно во Скопје беше еден од ретките политичари кој со својата фамилија беше дел од обележувањето на Бадник во Собрниот храм во Скопје.
Дали Ѓорчев веќе влезе во кампања за претседателските избори или во прашање е нешто друго?
Ѓорчев е еден од функционерите на партијата за кој се погласно се шпекулира во политичките кругови дека ќе биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак пред неколку дена соопштија дека тие на оглас ќе бараат кандидат за претседател, а истиот е веќе објавен.
Како кандидати за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, изминатиов период неофицијално се споменуваше и поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, професорките Гордана Силјановска и Тања Каракамишева...
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првиот круг на претседателските избори на 21 април, вториот на 5 мај
Се плашат ли СДСМ и ДУИ од предвремени парламентарни избори?
Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските?
Фото: Фејсбук/Ѓорчев