Претседателските кандидати очекувано се во фокусот на Твитер заедницата.
Денеска „хит“ е првиот кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Влатко Ѓорчев, кој за да стане и единствен кандидат на партијата треба да ја добие подршката на раководството на престојната Конвенција на партијата.
Твитер заедницата не ги заборава ни актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, националниот кординатор за НАТО, Стево Пендаровски…, чии имиња неофицијално се спомнуваат како можни кандидати за претседател на државата од СДСМ.
Ви пренесуваме дел од реакциите:
Влатко Ѓорчев се самокандидира за претседател на државава.
И после депресија…— Ајс (@borisofskopje) January 23, 2019
Ѓорчев: ја знам секоја улица, село и град.
Уште возачка за аутобус му фали и таман е за шофер.— 660 (@BBozh) January 23, 2019
Се додека не ја видам Рада како пере војничка гаѓа не ја гласам за претцедник! Може и цевките на топот да ги прегледа.
Осмели се Радо запери, можеш ти!
— Зоран Ивановски (@palas20) January 23, 2019
ако не е @SPendarovski на ливче не идам да гласам
— Г-ѓа Старк (@MarincePink) January 23, 2019
Читам некои натписи за претседателски кандидати. Ако треба да се бира меѓу Влатко Ѓорчев и Оливер Спасовски, јас гласам за Хорхе.
— iskric (@iskra_iskrich) January 23, 2019
Со двајцава кандидати за претседател од дпмне и сдс, се докажува дека ние сме скрос за греота во Македонијава 😥
Штом тие се со највисоки капацитети, се пакувам и си одам!— Василица Прекрасна (@Vasic32426226) January 23, 2019
– Vlladimir Gjorçevit iu deshën vetëm 10 minuta për të shkelë premtimin e parë si kandidat për President
🧐
– На Владимир Ѓорчев му беа потребни само 10 минути за да го погази првото ветување како претседателски кандидат pic.twitter.com/iFMbauLPnd— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) January 23, 2019
-Господине Ѓорчев, како дојдовте до идеја да се кандидирате за претседател?
=Чекам ја вчера у ред у Силбо…— ТвитеротНаАнаФранк (@box_kiki) January 23, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорчев ја објави претседателската кандидатура: Очекува повеќе од 500 илјади гласови
Двајца од десетте можни кандидатии за претседател на држвата, чии рејтинг го мери СДСМ се Албанци
Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата