еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Државната комисија за спречување корупција или позната во јавноста како Антикорупциска, соопшти дека за сега отворила 18 случаи во кои ќе ги проверува вработувањата на блиски лица на функционери во државни компании и институции.

Дури по три од случаевите се однесуваат на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, од функционерите гледано по партии, доминираат тие на СДСМ, а од државните компании – ЕЛЕМ.

Оваа е целата листа:

Иљо Стојчевски, сопруг на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, пред неколку дена назначен за привремен командир на Шумската полиција во Делчево.

Виктор Стојчевски, син на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, вработен во државната компанија ЕЛЕМ.

Цветан Велевски, брат на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, вработен во РЕК Битола, дел од ЕЛЕМ.

Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието, Талат Џафери, исто така вработена во ЕЛЕМ.

Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Општина Неготино, Тони Делков, вработена во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Дисан.

Хидоете Алили, сестра на министерот за култура Асаф Адеми, вработена во ЕЛЕМ.

Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување.

Фанија Костадинова, мајка на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вработена во Централен регистар во Струмица.

Влора Бектеши, сестра на министерот за економија, Крешник Бектеши, вработена во МЕПСО.

Лила Пежевска, сопруга на градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пежевски, вработена во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“.

Марија Јосифовска, сестра на пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, вработена во Централен регистар.

Борче Поповски, дедо на Александар Кирацовски, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци, дел од ЕЛЕМ.

Мери Поповска, баба на Александар Кирацовски, вработена во ДУД Мирка Гинова.

Стојче Ѓеорѓиев, син на пратеничката Милева Ѓеорѓиева, вработен во МВР.

Мерсида Рамчиловиќ, сопруга на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, вработена во МВР.

Сара Александрова, ќерка на пратеничката Емилија Александрова, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој.

Цвете Станојкоска, внука на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски, вработена во Општина Прилеп.

Љубислав Несторовски, сопруг на Магдалена Несторовска, вработен во ЕЛЕМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер го „подбра“ Кирацовски, за изјавата дека вработувањето на дедо му не е „ништо особено„

„Одма се чуствува дека имаме Антикорупциска“: Твитер за тоа дека баџанакот на Џафери ќе ја „проверува“ Мира Дизел

„Бројчаникот на Триумфална ќе броел колку деца на функционери се вработиле на државно„: „Мира Дизел“ го „прегреа“ Твитер

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за кампањата за парламентарните избори коалиција “Вреди“

Редакција

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Редакција

Ѕвонко Костовски: Во УБК се фабрикуваа докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска

Редакција