еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По скандалот со руските комичари: Заев нема да поднесе оставка, ниту пак некој од протоколот

Премиерот Зоран Заев рече дека нема да поднесе оставка по објавувањето на аудио снимката со руските комичари Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Заев со нив разговара отворено за голем број политички прашања и притоа ги дава и телефонските броеви на поранешниот американски помошник Вес Мичел и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, убеден дека зборува со вистинските Порошенко и Столтенберг.

Тој додаде дека не чувствува одговорност за да понесе оставка, бидејќи не издава тајни, туку повторува официјални ставови, кои и до сега ги кажал.

„Во тој момент лично верував дека разговарам со Столтенберг и Порошенко и зборував како премиер. Ги повторив ставовите кои секогаш јасно сум ги кажувал. Секој ден сте во машина, установи, разговори и затоа се случуваат пропусти за што искрено се извинувам“, рече Заев.

Тој рече и дека нема да побара одговорност за скандалот и од советниците или лица вработени во протоколот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Жртва сум на својата отвореност и организирана структура која е против нашето членство на НАТО

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоци на Боки 13 од денеска на судењето за „Рекет“

Редакција

(Фото) Долги редици за „Медена земја“ пред билетарница во кино во Белград

Редакција

Инфективно и дел од Интерното одделение на велешката болница преполни со Ковид пациенти

Редакција