еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Ме измамија мангупи, а јас комуникативен“: Зоран Заев и руските комичари хит во регионалните медиуми

Аудио снимката на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, на кого му се преставиле како поранешниот украински претседател Петар Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и прес-конференцијата која следеше по објавувањето на истата станаа хит во регионалните медиуми.

„Заев за државни прашања разговарал со лажен Столтенберг и Порошенко„, „Ме измамија мангупи, а јас комуникативен: Заев ја отфрли можноста за поднесување оставка“, „Заев призна дека го измамиле руски комичари: Јас сум жртва на својата отвореност“, „Заев призна дека го измамиле, но се правда“… се само дел од насловите во медиумите во Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово… кои детално информираат за скандалот.

Медиумите пренесуваат и делови од снимката на која има три разговори, направени во текот на една година, а во преден план е разговорот на Заев со руските комичари за афтокефалноста на МПЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се руските „пранкери“ кои го измамија Заев: Комичари или службеници на Кремљ?  

Фросина Ременски: Снимката на руските „пранкери“; со Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

„Ова што ни се дешава у државава не е више ни смешно“: Твитер реакции за аудио снимката на Заев и руските комичари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 39-годишна возраст почина ќерката на Владимир Талески, поранешниот градоначалник на Битола

Редакција

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Редакција

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Редакција