Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер имаше полна агенда при краткиот престој во земјава, а тоа најдобро го покажуваат фотографиите од сите средби што успеа да ги оствари со домашни политичари, градоначалници и бизнисмени.
Тој за време на посетата се сретна со премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бизнисмените Светозар Јаневски и Живко Мукаетов, градоначалниците на Кавадарци и Битола, Митко Јанчев и Наташа Петровска…
Интересно е што објективот открива опуштена и насмеана атмосфера на сите средби, освен на онаа со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде очигледно се дискутирало за многу сериозни теми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Твитер/Амбасада на САД
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.