еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драмите во СЈО и „Рекет“ нова кочница за ЕУ?

Не престануваат реакциите во јавноста по случајот „Рекет“, а главното прашање кое сега се поставува е дали Европската Унија ќе го искористи овој случај како оправдување за да не додели датум за почеток на преговори на нашата земја за зачленување во Унијата.

Задкулисни игри во власта, вмешаност или злоупотреба на обвинители за изнуда на пари од бизнисмени и неефикасност во спроведувањето на истрагата на „Рекет“ се само дел од аргументите кои можат да ги посочат членките на ЕУ како причина за недоделување датум за преговори.

Имено, останува нејасно зошто беше дозволено специјалната обвинителка Катица Јанева да замине на одмор пред да даде исказ за овој случај, зошто таа се уште го води СЈО кога има депонирано оставка и зошто не и е доделена мерка притвор кога очигледено може да влијае врз останатите обвинители и други личности кои би можеле да се јават како сведоци во случајот„Рекет“.

Ова се само дел од прашањата на кои нема одговор, а кои укажуваат дека јавноста не е запознаена со сите детали за овој случај.

Останува впечатокот дека ваквиот развој на настаните оди во прилог на земјите од ЕУ кои се против доделување датум за почеток на преговори за Македонија и дека поради тоа станува извесно дека во октомври повторно ќе извисиме во забрзувањето на евоинтеграцискиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева тврди дека не наредила претрес на обвинителите од СЈО

Катица Јанева се врати на работа во СЈО

„Се извинувам обвинителке Фетаи, ќе морам уште еднаш да ве претресам“: Твитер „врие“ од шеги за Фатиме и Јанева

Фатиме Фетаи: „Сочно ја опцув Јанева поради нејзината наредба да не претресуваат полицајци на влез во СЈО“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски го одби Заев, не гледа потреба да присуствува на лидерската средба во петок

Редакција

(Фото) Убав гест од Могерини: Благодарница и фотографија за спомен за занаетчијата што и подари филигран

Редакција

Јанчев: Смена на Мицкоски на транспарентен начин, би се кандидирал за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција