Охридска банка, која е дел од француската групација Сосиете Женерал менува тројца клучни членови на Надзорниот одбор на банката во „предвечерието“ на продажбата на банката на австриската Шпаркасе банка.
Интересно е што банката се збогува со тројцата членови на Надзорниот одбор, а истовремено поставува четворица Австријци.
Банката преку Македонската берза ги објави предлог одлуките за престојното Собрание на акционери закажано за 8.11.2019 година.
„Се разрешуваат следните членови на Надзорниот одбор на Охридска Банка АД Скопје: Жан-Филип Гијом, претседател и член на Надзорниот одбор, Ален Жерард Конус, член на Надзорниот одбор и Марија Којчева-Русева, член на Надзорниот одбор“, пишува во предлог-одлуката.
Истовремено за членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се прелагаат: Георг Бухер, Ханс Лудвиг Диксер, Славиша Којиќ и Валбурга Зајдл. Сите новопредложени членови се родени во Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можни технолошки вишоци во Охридска банка по преземањето од Шпаркасе банка
Шпаркасе со купувањето на Охридска банка ќе ги загрози Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка
Дали Комерцијална банка „се плаши“ од продажбата на Охридска банка?
Почнува продажбата на Охридска банка
Прегрупирање во банкарскиот сектор: Поголемите банки ќе ги „голтнат“ помалите