„Скопски Пазар“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека во изминатиот период по пат на трговски пренос правното лице „ЗСФ-КОМ“ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 2.753 обични акции издадени од „Скопски Пазар“ АД Скопје.
Во овој момент е сопственик на 15.988 обични акции што преставува 22,54% од вкупниот број на обични акции издадени од „Скопски Пазар“ АД Скопје.
„ЗСФ-КОМ“ е градежна фирма во сопственост на поранешниот пратеник Фатмир Етеми кој во изминатиов период купи голем дел од акциите на Скопски пазар, но и на Комерцијална банка по што беше поставен за член на Надзорните одбори на „Скопски пазар“ и на Комерцијална банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Скопски пазар“ повторно ја „стресе“ берзата: Продаден блок акции за 572.000 евра
„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“
Промени во Надзорниот одбор на „Скопски пазар“: Фатмир Етеми еден од новите членови
НБРМ даде согласност: Фатмир Етеми нов член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка