Интересот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, дополнително се зголеми кај албанските медиуми, откако денеска српска Политика објави дека тој побегнал со авион од Тирана.
Една од најгледаните телевизии во Албанија, Топ ченел, повикувајќи се на потврда од полицијата објави дека Груевски нелегално влегол во Албанија, а излегол со лична карта од граничниот премин на земјата со Црна Гора, „Хан Хоти – Божај“ крај Скадарско езеро.
Неговото излегување е регистрирано, а Албанија ја напуштил вечерта на 11 ноември околу 19 часот со возило на амбасадата на Унгарија во Албанија.
Според телевизијата од Црна Гора, заминал во Србија, од каде со помош на унгарски дипломати стигнал до Унгарија.
Фото: ВМРО ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември
Албански медиуми: Груевски излегол од Албанија со автомобил на унгарската амбасада
Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!
Од бугарското Министерство за правда велат дека Груевски нема бугарски пасош