еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Антикорупциска многу се залета, само да не се сопне

Бидејќи сите надлежни институции се прогласија за ненадлежни, демек толку многу се држат до законските процедури, Државната комисија за спречување на корупцијата или во јавноста позната и како Антикорупциска комисија, отвори предмет за дивата платформа на Матка. Браво за Антикорупциска!

Претходно од таму ги “подбраа“ и градочалниците, ректорите, деканите по факултетите, кои не доставиле анкетни листови за имотната состојба или изјави за судир на интереси. Уште едно браво за Антикорупциска!

Најголем ќејф на јавноста до сега Антикорупциска сепак и направи со отварањето на предмети за непотизам при вработувања во државни институции и компании, кои се однесуваат на лица блиски до актуелни и поранешни функционери.

Уште едно браво за Антикорупциска, која се „залета„ многу, па се плашам да не се „сопне„ како Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по кое на времето сите „паѓавме“ во несвест.

Сепак најголемото браво од мене, а верувам и од пошироката јавност, Антикорупциска ќе го добие, кога ќе заврши со овие предмети, кои се претежно така „технички“ , лајт што би се рекло, и да се „фати“ со вистинските.

На пр. квалитетно да ги „прочешла“ анкетните листови за почеток на министрите и пратениците, актуелните и поранешните.

И гарантирам на Антикорупциска дека ќе најде неколку лица од нив кои „излажале“ за својата имотна состојба.

Да види како некој купил три стана, а некој демек нема ни стан, ни куќа, како некој вози југо, а друг скапа лимузина.. Па после сметките по банките…

Е еее, работа кај нас има колку што сакаш!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори предмет за дивоградбата на Матка, оти сите институции се прогласија за ненадлежни

Антикорупциска решила два случаи на непотизам

Не се знае по кој критериум била избрана ќерката на Џафери, која се вработи во ЕЛЕМ

Милошоски и Ременски, министрите Бектеши и Фазлиу: Кој се е на новата листа на Антикорупциска за непотизам

Мира „Дизел“, Кирацовски и СДСМ лидери: Кои 18 случаи ги отвори Антикорупциска

Фото: reutersinstitute.politics.ox.ac.uk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски: Непрележаните и невакцинираните ќе продолжат да ги полнат болниците, се додека не стекнат некаков имун одговор

Редакција

Редок медицински феномен на Гинекологија: Бебе се роди во „водена обвивка“

Редакција

Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра

Редакција