еМагазин
Image default
Македонија

Азилантот Груевски ќе ги ужива истите права како унгарските државјани

А1он објави дека поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, по добивањето на политички азил од Унгарија, може да добие документ за лична идентификација, но и двојазичен патен документ со кој ќе може да патува во која било земја што ќе му дозволи влез.

Но, напуштањето на Унгарија за Груевски ќе биде опасност, бидејќи може да биде уапсен и екстрадиран во Македонија затоа што МВР има активирано меѓународна потерница по него за издржување двегодишната казна затвор за случајот „Тенк„ на Специјалното јавно обвинителство.

Тој ќе има право на здравствена заштита, вработување, гласање на избори за градоначалници и локални референдуми.

Груевски ќе има заштита од Унгарија три години, а потоа ќе треба да го обнови статусот на бегалец, а Канцеларијата за имиграција и азил може да одлучи да го повлече статусот на азилант.

Како и сите други бегалци што добиле азил во Унгарија, така и Груевски од државата може да добие државно сместување 30 дена, кое моментно не го користи. Тој нема да добива финансиска поддршка од Унгарија, што значи дека ќе мора да работи или да најде друг начин за да ги плаќа тековните трошоци што ги има во земјата каде што сега живее.

По три години непрекинат престој во Унгарија, Груевски ќе може да биде и нејзин државјанин.

Целата сторија на А1он, ОВДЕ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски е за екстрадција на Груевски и го осудува неговото бегство

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина, вели Османи

Редакција

На 1 октомври продолжува судењето на Јанкулоска за „Тенк“ на СЈО, а на 3 октомври завршни зборови

Редакција

Маричиќ стана национален координатор за ЕУ, Берлинскиот процес и регионална соработка, Забрчанец за стратегиски комуникации

Редакција