еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Боки 13 и Кинези со сатари: Станува јасно зошто пола држава е на диазепам, а другата на алкохол

Животот во Македонија беше тешко поднослив, а ништо не е сменето ниту откако земјава се прекрсти во Северна Македонија по што се чини дека живеачката во земјава станува уште понеподнослива.

Руски пранкстери го насамариле премиерот, Боки 13 и Зоки Кичеец рекетирале бизнимени со можна вмешаност на лица од Специјалното јавно обвинителство – случај кој е откриен со помош на странски служби, Кинези со сатар бркале човек во Лептокарија, када најдена на дното на Охридското Езеро, советник во општина Охрид си изградил на диво пицерија која ја отвара градоначалник на Струга за кого дивоградбите се невидливи, познат бизнисмен се разболува два дена пред да оди на издржување на затворската казна…

Ова е само мал дел од насловите во медиумите кои ја отсликуваат македонската реалност која за жал од осамостојувањето на државата до денес наместо на подобро секојдневно се менува на полошо.

Нормален човек за да го преживее денот кај нас или треба да ги затвори очите и ушите или да се накрка со средства за смирување или да побара бегство во чашката. Затоа, не треба да не чуди што статистиката потврдува дека половина држава ни е на диазепам, а другата на алкохол.

Со сигурност може да се каже дека најголем дел од одговорноста за ваквата состојба во државата е кај политичарите кои во спрега со одредени бизнис групи ја држат земјава во заложништво со години, а со единствена цел да го зголемат личното богатство на штета на државата и граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По апсењето за аферата „Рекет“: Ќе ја отклучи ли Боки 13 „Пандорината кутија“?

Веста за апсењето на Боки 13 одекна во регионалните медиуми

Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан

(Фото) Како Охриѓани реновираат купатило: Кадата ја фрлат во езеро

Заев до Усеини: Тргни ја дивоградбата или државата ќе ја руши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола

Редакција

Премиерот Санчез од Скопје: Можете да сметате на поддршката од Шпанија за членство во ЕУ

Редакција

Анкета на Брима Галуп: 10% од Македонците носат маски, 5% ракавици, а 9% не презеле никакви мерки за заштита

Редакција