еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

До кога „браќа“ Бугари: Прошка треба да барате наместо нови услови

Македонски играчи на кошарка или популарниот „баскет“ многу често го користат изразот „бугарски кош“. Станува збор за поен постигнат од среќа или што би рекле од незнаење – со смешно фрлање на топката без никаква вештина.

Отприлика вака најидеално може да се квалификува и последниот обид на Бугарија во пет до дванаесет од одлуката дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија да поставува нови услови за да даде поддршка за нашите евроинтеграции.

Со „цел памет“, бугарската влада усвои одлука со која постави таканаречени „црвени линии“ за преговорите на Македонија со Европската Унија во која може да се види дека нејзините апетити се вратиле во некои минати времиња.

Имено, од Македонија се бара да се откаже од користењето на македонскиот јазик, како и дека Бугарија ќе бара ЕУ да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“.

Меѓудругото, Бугарија бара и откажување од македонското малцинство, нова лустрација, регулирање на филмската и медиумската продукција и што уште не за да македонскиот народ да заборави дека бугарски воени сили како дел од Хитлеровата оска за време на Втората светска војна имаат извршено ѕверски злосторства врз нашите предци.

Ваквите барања се неприфатливи пред се зошто историски факт е дека Бугарија била земја која била во „дружба“ со фашистите и тоа не може да го негира никој сериозен политичар.

Македонскиот народ може да ги прости тие злодела, но никогаш нема да ги заборави.

Затоа, крајно време е бугарските политички елити да престанат да ловат ситни политички поени подгревајќи го национализмот, кој меѓудругото е главна закана за опстојувањето на ЕУ како организација на држави.

Тие можат само да покажат доблест и да побараат прошка бидејќи никој нормален политичар во земјава нема да дозволи откажување на нашата нација од македонскиот јазик на кој зборувале и пишувале нашите предци, зборуваме и пишуваме ние и ќе зборуваат и ќе пишуваат нашите поколенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Този фашист не е фашист“: Твитер реакции за условите на Бугарија за Македонија за членство во ЕУ

Димитров: Идентитетот не може да биде услов за нашиот пат кон Европа

Македонскиот идентитет во опасност: Додека да станеме членка на ЕУ, Бугарија и Грција ќе ни ја „извадат“ душата

Бугарија не го признава македонскиот јазик, од ЕУ ќе бара да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој не се јавил на повикот за превозници, ЈСП ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз, велат од Град Скопје

Редакција

Ребалансот на буџетот помина на Влада: Кој доби повеќе пари?

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе почне да собира потписи за референдум за договорот со Бугарија

Редакција