еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Додека јавноста чека информации за неговото бегство, Груевски стана „ѕвезда„

И по речиси месец дена од бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, сега веќе азилант во Унгарија, јавноста во Македонија се уште чека информации за неговото бегство.

Од Јавното обвинителство најавија првични информации за истрагата која тие ја водат за две недели, а од Министерството за внатрешни работи, каде се водат две истраги нема никаков абер или најава.

Месец дена молк и од другите институции кои треба да ја склопат сликата за неговото бегство како што се Финансиската полиција, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање…

Иако најмногу засегната, Македонија е единствената земја од која и по толку долго време не е соопштена ниту една официјална информација од надлежните институции. Информации стигна од сите земји низ кои поминал Груевски за да стигне до Унгарија (Албанија, Црна Гора, Србија).

Во меѓувреме Груевски стана вистинска „ѕвезда„, мислиш е Мадона, Лејди Гага или принцезата Дајана, па „папараците“ почнаа да трчаат по него.

Трката за негова слика или уште подобро видео доправа почна, а јавноста веќе „паѓа во несвест“ од тоа како ги троши нашите пари, рестораните по кои руча, неговото машко друштво, хотелите во кои наводно престојува, јакните што ги носи…

Кај да е од него треба да очекуваме и нова песна или филм, како што и доликува на вистинска ѕвезда, која сака да остане на тронот. Дали на некој тие нема да му се допаднат е друга тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „полуде“ за новото видео со Груевски: „Украде милијарда за да јаде во Унгарија“

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

Обвинителството за две недели ќе објави информации од истрагата за бегството на Груевски: Ќе одат по снимки во Црна Гора

Дописникот на британски „Гардијан“ го фотографираше Груевски во Будимпешта

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „корпата“ од Франција, „виси“ Договорот од Преспа

Редакција

Владата одлучи: Успивање и дислоцирање, наместо отстрел на мавровските мечки

Редакција

Снегот предизвика проблеми со струјата, екипи на ЕВН цело време на терен

Редакција