еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Седум пратеници на најголемата опозициона партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмаиловска Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зекир Ранчиловиќ се исклучени од партијата, откако синоќа во Собранието гласаа за старт на уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција.

“Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните, кој беше, пак, партиски став едногласно донесен и на Извршниот и на Централниот комитет и во координација со претеничката група ме разочараа мене, но тоа и не е толку важно затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината и ќе треба со тоа да живеат. Токму затоа, вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа вонредна седница и на мој предлог едногласно се усвои веднаш да се исклучат од партијата“, изјави синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На некои од нив, нагласи Мицкоски, можеби им било ветувано ослободување од обвиненијата или им биле понудени и пари. Додаде и дека како човек не може да ги оправда ниту, пак, да ја разбере нивната постапка.

Партијата и претходно веќе беше во длабока криза, а со најновата одлука станува уште понеизвесно што ќе се случува со неа понатаму.

Во периодов, нејзиниот лидер, кој беше разочарување не само за пошироката домашна и светска јавност, туку и за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, собра негативни поени насекаде, а нема да биде никакво изненадување, ако во периодов што следи, партијата добие и нов лидер.

Во јавноста веќе одамна се шпекулира за тоа, а веќе се „вртат“ и неколку имиња.

Никој нема дилема, дека ако сака ВМРО-ДПМНЕ да опстане на политичката сцена, ќе треба сериозно да се реформира и да расчисти искрено и темелно со многу работи од нејзинато блиско минато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Заев ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна извозот на жито од Украина

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција

„Ги отстранија сонцата од шахтите и одма се промени времето“: Твитер за таблите на спомениците на Александар Велики, Олимпија, Филип Втори…

Редакција