еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Естрадата реагира: „Музичарите ги поддржаа угостителите, а тие сега се однесуваат како да не постоиме“

Естрадните уметници реагираат на предлог-протоколот на угостителите кои бараат на свадбите да нема жива музика и да не се игра оро.

Горан Стојановски од Здружението на естрадни уметници изрази незадоволство од ваквиот предлог и прашува зошто пејачите да не може да пеат со визири, а музиката да не биде на растојание од пет метри и да има пексиглас.

„Музичарите ги поддржаа угостителите, а тие сега се однесуваат како да не постоиме. Има повеќе опции и ние пративме писмо за средба со Комисијата за заразни болести и тие опции ќе им ги објасниме. Свадбите не се само ора и чочеци,“ рече Стојановски.

Асоцијацијата на ивент индустријата, односно компаниите кои се занимаваат со организација на концерти, ивенти и музички настани неодамна протестираше пред Владата, бидејќи една година тие се индустрија која трпи најмногу загуби.

„За жал изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид
пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY
Consulting, веднаш зад авио транспортот и според истражувањата.

Закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади,“ соопштија од Асоцијацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата реалност: Свадби без оро и жива музика и ограничен број на гости

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Редакција

ЕУ ургентно да ги деблокира преговорите со Скопје и Тирана, да не се остави Западен Балкан како отворена рана, вели Османи

Редакција

Мицкоски понуди две опции за излез од политичката криза

Редакција