Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Твитер тврди дека не само Германија и Франција биле против старт на преговорите со Македонија и Албанија, туку и Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија.
Според него Грција и неколку други членки биле воздржани.
За старт на преговорите според него биле 12 членки на Европската Унија: Полска, Естонија, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Латвија и Литванија.
На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ:
ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.
12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.
Грција и другите воздржани! pic.twitter.com/9O3Y5jDcdV— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) June 18, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?
Може ли до октомври и Грција да стане проблем за старт на преговори со ЕУ?
„И Годо дојде и таа ми се смири, ние датум не добивме…“: Твитер реакции
Хан: За жал малцинство земји-членки не прифатија отворање на преговори со Северна Македонија