Поранешниот македонски премиер, сега пратеник, кој денеска на Фејсбук соопшти дека добил азил во Унгарија, каде избега пред неколку дена, во образложението за барање на азил меѓудругото тврди и дека му бил понуден пазар во замена за гласање за уставните измени кои произлегуваат од договорот за името со Грција, пишува унгарскиот весник „Маѓар Идок“, а пренесе Дојче Веле.
Како што пишува унгарскиот весник, на Груевски му било сугерирано „од официјални извори, од братот на актуелниот премиер и од јавниот обвинител, дека доколку убеди пратеници да гласаат за уставните измени, тогаш ќе му се одложи почетокот на извршувањето на казната“.
Тој го одбил тоа, и затоа не му било одобрено одложување на извршувањето.
Весникот „Маѓар Идок“ важи за близок до владата на Виктор Орбан и владејачката партија Фидеш. Објавувањето на доверливите материјали од сослушувањето на Груевски веројатно не било можно без директно одобрение од врвот на унгарската политика, вели за Дојче Веле, новинар кој ја познава состојбата во Унгарија
Груевски не го спомнува ова во долгиот Фејсбук статус, каде пишува дека записникот за барањето на азил бил на 30 страници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката
Груевски на Фејсбук: Добив азил во Унгарија
Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално
Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски
Фото: Фејсбук/Груевски