Поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, кој избега во Унгарија каде што доби политички азил повторно е хит во регионалните медиуми.
Медиумите во Србија, Хрватска, Словенија, Албанија… детално и ударно известуваат дека Груевски соопштил на Фејсбук дека добил азил во Унгарија, а како и македонските медиуми вчера, претходно беа пренесувани и неофицјалните информации од унгарските и албанските медиуми дека екс премиерот добил азил.
Медиумите известуваат и дека Македонија го испратила барањето за екстрадиција на Груевски и ставот на Владата дека на Груевски никој не му се заканувал, туку дека тој сакал да ја избегне правдата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски
Грчките медиуми за азилот: „Груевски се спаси во Унгарија„
Твитер-реакции за азилот на Груевски: Уживај си ги парите и е.и си мајката
Груевски на Фејсбук: Добив азил во Унгарија
Фото: Груевски/Фејсбук