Министерство за здравство ги зајакнува мерките за превенција од корона вирусот заради состојбата во Италија.
„Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени.
Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродроми во земјата,“ соопштија од Министерство за здравство.
Од таму апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот.
Уште еднаш го повторуваме она што секој од нас како граѓанин треба да го направи:
– Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни.
– Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат.
– Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.
– Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
– Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол.
– Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Инфективна клиника се врши тестирање на корона вирус на патник кој слетал од Милано
Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА
Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба
Корона вирусот може да затвори кумановски чевларски компании кои извезуваат во Северна Италија
МНР нема информации за македонски државјани во Италија заболени од корона вирус