еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот

Како во Македонија изгледа процедурата за транспорт на примероците за лабораториска анализа за коронавирост од болници, центри за јавно здравје и собирни пунктови, на својата веб страна детално ја објаснуваат од Институтот за јавно здравје.

“Испраќањето на примероците мора да се најави на тел. број во Лабораторијата за вирусологија.

Во ходникот пред болничката соба се подготвува чист контејнер за сместување и транспорт на примероците.

Лицето кое го земало примерокот за анализа (назофарингеалниот брис или друг примерок) со ракавици го сместува земениот примерок во секундарен контејнер или ќеса со зип затворање во исправена состојба со претходно добро затворено капаче на примарниот сад, водејќи сметка да не ги допре надворешните ѕидови и рабови на контејнерот.

Секундарниот контејнер се затвора со раце без ракавици и се става во надворешен контејнер (мобилно фрижидерче).

Капакот на надворешниот контејнер се затвора со раце без ракавици, и затворен се носи до лабораторијата (со раце без ракавици)!

Лицето кое го носи контејнерот го предава контејнерот со примероците на лаборант за прием кој не носи ракавици, и кој контејнерот го носи во собата за прием, го вади секундарниот контејнер од надворешниот, проверува колку и какви примероци се доставени и дали тоа соодветствува на пристигнатата документација т.е упат.

Упатите се носат одвоено. Може да се носат во папка, фолија или плик, затворени и залепени на надворешниот капак. Упатите не се ставаат во внатрешноста на контејнерот.

До колку: примерокот е истурен за време на транспортот; недостасува упат или истиот не е целосно пополнет; недостасува примерок; упатот е завиткан околу примерокот; или примерокот не е добро обележан – примерокот нема да биде примен за лабораториско испитување“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Премиерот на БиХ не знае да стави медицинска маска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет

Редакција

Чалгија саунд систем следни на фестивалот „Светско, а наше“ во Јавна соба

Редакција

Водостопанство склучи договор со МЗТ пумпи вреден 981 илјади евра

Редакција