еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој е во фокусот на јавноста по објавената снимка

Случајот со снимката во која наводно се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш тепа човек, ќе го истражува Министерството за внатрешни работи.

Во меѓувреме, еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил?

Според анкетниот лист, тој на свое име пријавил земјиште од 1.808 метри квадратни во Скопје, стекнато со договор за купопродажба.

Пријавил и куќа во Скопје од 584 метри квадратни, проценета на 4 милиони денари, стекната на друг нашин.

Вози БМВ 740 Д, а во банка има девизен депозит од 2.500 евра.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, вели дека снимката била монтирана

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Фото: Фејсбук/Дудуш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замразнат имотот на Рашковски кој го подари на децата, а продолжен му е и куќниот притвор

Редакција

(Галерија) Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации за нивната иднина, вредеше

Редакција

(Видео) На судењето презентирана снимка од нападот на Пендиков

Редакција