Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, е еден од кандидатите за технички премиер.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала министер.
Каков имот пријавила?
Според нејзиниот анкетен лист на свое име од недвижен имот пријавила само градежно земјиште од 894 метри квадратни во КО Јастребник.
Вози Тојота Јарис.
На свое име пријавила и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го исплати годинава.
На име пак на родителите пријавила куќа во Скопје од 200 метри квадратни, проценета на 5,5 милиони денари и куќа во Канада од 230 метри квадратни, проценета на 40,7 милиони денари.
На име на родителите пријавила и стан во Скопје од 66 метри квадратни, проценет на 3,2 милиони денари и стан во Канада, од 55 метри квадратни, проценет на 20.3 милиони денари.
На име на родителите пријавила и лозје, ливада, земјиште…
На име на родителите и брат пријавила уште четири возила.
Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е приватно и професионално Мила Царовска, кандидат за технички премиер
Каков имот пријавил Оливер Спасовски, кој е кандидат за технички премиер
Кој е приватно и професионално Оливер Спасовски, еден од кандидатите за технички премиер
Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери
Фото: Влада