еМагазин стартува серијал во кој ќе Ви пренесеме каков имот пријавиле судии и обвинители, актуелни во неколку судски спорови, кои се во фокусот на македонската јавност.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, подолг временски период е предмет на интерес на јавноста, а деновиве освен со актуелните случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), актуелна е и со дефинирање на идниот статус на СЈО по бројните политички случувања во земјава.
Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни.
На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.
На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возило Голф 4.
Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат.
Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила судиката Добрила Кацарска
Каков имот пријавила обвинителката Вилма Русковска
Фото: СЈО