еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Орце Камчев и Цветан Панделевски осомничени во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), излегуваат од затворот Шутка. Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на двајцата им определи мерка куќен притвор.

Како што соопшти Апелациониот суд Скопје, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Јордан Камчев од Скопје и обвинетиот Цветан Панделевски од Скопје.

Истовремено, со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 денеска година против обвинетите Камчев и Панделевски е определена мерка куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Поради притворот на Мијалков и Камчев и Законот за амнестија „висат“ уставните измени: Има потврда за 76 гласа

СЈО предлага домашен притвор за Камчев, Панделевски, Јанакиески и Божиновски, за Мијалков се уште нема мислење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Редакција

Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава 

Редакција