Цветанка Периќ е избрана за нов судија во Врховниот суд.
еМагазин ја разгледа нејзината биографија.
Која е Периќ?
Дипломирала на Правен факултет при Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 1989 година.
Правосуден испит положила во Скопје во 1993 година.
Во периодот од 1994 година до 2005 година работела како стручен соработник и самостоен судски советник во Апелациониот суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје во 2005 година, а од 2007 година до 2009 година работела како судија во Основниот суд Скопје I Скопје на кривична материја.
Во периодот од 2006 година до 2009 година била претседател на Одделот за кривично полнолетни и претседател и член на Кривичен совет.
Во.2011 година е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
Таа е автор на на неколку стручни трудови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години
Каков имот пријавила Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд
Каков имот пријавил разрешениот Јово Вангеловски: Вози Мерцедес Бенз, а со сопругата имаат 4 стана