еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Цветан Трипуновски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката влада..

Тој веќе има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник.

Претходно од 2015 до 2017 година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008 година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Трипуновски од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, а од 2017 година е и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

По струка е дипломиран земјоделски инженер, а моментно е и постдипломец на Земјоделскиот институт во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Можно ли е одложување на изборите поради оспорувањето на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи?

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски: Каков имот пријавил?

Редакција

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 повторно побара изземање на судијката Гаврилова Ефремовска

Редакција

Исплатен аванс од 3,2 милијарди денари за автопатите од коридорите 8 и 10д, кои уште не почнале да се градат

Редакција