еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик министер за економија

Владата за нов заменик министер за економија го предложи Кирил Колемишевски.

Неговата биографија стигна во Собрание, а еМагазин Ви открива детали од неа.

Кој е Колемишевски?

Колемишевски е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Средно училиште завршил во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Тој е исто така и лиценциран инвестициски советник.

Работел во КБ Прво Пензиско друштво и Комерцијална банка, а во 2008 година е еден од основачите на „Мој фонд“, друштво за управување со фондови, каде е извршен директор.

По затворањето на „Мој фонд“ работи како адвокат, а од 2011 година до денес е адвокат-партнер во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“.

Роден е во 1977 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик-министер за економија

Дипломирала со просек од 9,94: Што пишува во биографијата на идната министерка за финансии, Ангеловска

За новиот министер Хисен Џемаили интернетот е компјутерска вештина

Фото: Фејсбук/Колемишевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на МВР за набавка на 10 возила за брзо распоредување вреден 243.000 евра

Редакција

Во декември зголемена просечната каматна стапка на кредитите во корпоративниот сектор

Редакција

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Редакција