Стево Пендаровски, кој моментално ја извршува функцијата национален кординатор за НАТО е новиот, петти претседател на државата.
Кој е Пендаровски?
Дипломирал на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година.
Магистрирал на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”.
На истиот Институт докторирал на тема “Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс”.
Од 2008 година до сега е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
По завршувањето на високотo образование, станува раководител на Одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР), а покрај тоа, три години паралелно е и портпарол, заменик-министер за односи со јавност во МВР.
Интересен е податокот дека работел за двајца поранешни претседатели на Македонија. Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.
Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).
Беше кандидат за претседател и на претседателските избори во 2014 година, а од 2016 до 2017 година беше и пратеник од редовите на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски
Победата на Пендаровски честитка за сопругата: Првата дама денеска слави роденден
Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата
(Фото) Што открива за Пендаровски, новиот претседател на државата, неговата сопруга Елизабета
Фото: Фејсбук/Пендаровски