еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка

Секретарот во Владата за мониторинг и подршка на институциите при реализација на владините програми, Драги Рашковски поднесе оставка по бројните скандали поврзани со него.

Пред да дојде на оваа функција беше Генерален секретар на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) По бројните скандали, Драги Рашковски поднесе оставка

СЛУЧАЈ НАБАВКА НА СОФТВЕР ЗА МВР 

Неодамна за Рашковски, за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци за Министерството за внатрешни работи (МВР), кој не се користи, а го набавил додека бил Генерален секретар во Владата, предистрага отвори Јавното обвинителство.

„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, Обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, информираа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

Оливер Спасовски и Наќе Чулев единствени кои дале исказ во Обвинителството за софтверот на Рашковски

За оваа предистрага според официјални информации досега како сведоци се распрашани актуелниот и поранешниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Наќе Чулев.

Како што објавија медиумите Спасовски во исказот пред обвинителката Вилма Русковска, рекол дека во МВР немало одлука за набавка, ниту потреба од софтверот, смислен и купен од Рашковски.

Чулев пак ги пренел своите сознанија од неговиот мандат, односно дека немал информации за набавката на Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

За овој случај предмет отвори и Антикорупциската комисија, кој под лупа го стави и неговиот имот.

Од Антикорупциска најавија дека отвориле постапка по допрен глас за да се истражи процесот на набавката. Најавија дека ќе побараат од Владата да им го даде на увид планот за таа набавка и образложение зошто е купен софтвер.

Софтверот бил платен 81.000 евра. На огласот објавен во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании, а победи компанијата „Инвока гроуп“, каде неодамна Обвинителството изврши претрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство врши претрес во „Инвока гроуп” и во домот на сопственикот на фирмата

Истиот е платен во февруари 2020 година.

Рашковски пак на Фејсбук демантираше дека патентирал ваков софтвер. Тој само ја патентирал идејата.

„Не сум патентирал никаков софтвер. Во С. Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја – постапка. Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев генерален секретар“, напиша тој.

СЛУЧАЈ „ЛЕОНАРДО“

Антикорупциска отвори предмет и за случајот „Леонардо“ за спорниот тендер за набавка на радарски систем во претпријатието за воздухопловна навигација М-НАВ.

За истиот случај Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција одлучи да не постапува и ја отфрли пријавата за случајот.

Предметот беше отворен по допрен глас по објавувањето на аудио снимка на руска социјална мрежа на која се слуша и гласот на Рашковски како разговара со претставници на италијанската компанија „Леонардо”.

Во снимката се слуша како Рашковски договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската фирма „Леонардо”.

Рашковски пак на прес-конференција негираше каква било вмешаност во незаконски дејствија за овој случај.

Според него тој бил задолжен од Владата да се вклучи во деблокирање на ситуацијата и конечно имплементирање на договорот за набавка на нов софтвер за М-НАВ – процес што почнал уште во 2013 година.

Тој изјави дека изборот на италијанската компанија „Леонардо“ е направен од претходно раководство на М-НАВ.

Медиумите пак објавија дека договорот за овој софтвер е склучен во декември 2018 година.

Рашковски периодов беше актуелен и со одморот во Мексико, а медиумите објавија и дека гради хациенда во Побожје, а и дека поседува скап џип, кој наводно не го пријавил во анкетниот лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алсат М: Рашковски ќе гради супер-хациенда во Побожје, како инвеститори се водат неговите деца

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најуспешните спа хотели во Македонија

Редакција

МВР без тендер ќе набави огревни дрва од Македонски шуми за седум милиони денари

Редакција

Порталот ИРЛ осуден за клевета по тужба на бизнисменот Анѓушев

Редакција