еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница, се наведува во соопштението од Судот.

По разгледување и ценење на жалбата, како што стои во соопштението, Советот донел решение со кое жалбата ја одбил како неоснована и го потврдил решението на судијата за извршување санкции, според кое, осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките.

Бизнисменот Сеад Кочан со првостепената одлука за предметот „Труст“ беше осуден на шест години затвор, а Апелацискиот суд Скопје во март годинава ја намали на четири години и осум месеци.

Кочан беше осуден за манипулации околу добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбиено и второто барање на Кочан за одложување на затворската казна

Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеад Кочан

„Јас стварно незнам зошто се уште сме држава, а не нечиј протекторат„: Твитер реакции за одложеното заминување на Сеад Кочан во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОРТРЕТ: Која е Санела Шкријељ, новата заменик министерка за труд и социјална политика

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: Бројката во Чаир од над 400 се намали на 55

Редакција

ВМРО ДПМНЕ: Вице Заев е дел од структурите штo уценуваа и им се закануваа на пратениците

Редакција