еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Според последните податоци, објавени вчера, број на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 570.

“Проценката на ризик на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 5. април, во делот кој се однесува на проценките за понатамошно ширење на вирусот во Македонија.

Како што е познато во земјава моментално карантин е прогласен единствено во општините Дебар и Центар Жупа, на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на Македонија е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Од вчера има дополнителни ограничување за движење на територијата на целата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нема да си простам ако нешто му се случи на моето семејство“: Здравствен работник за еМагазин зборува за личната битка со коронавирусот

(Графикон) 44,9 години е просекот на возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Вратени на старите функции 14 раководни лица во МВР

Редакција

Убава вест: 233 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

Редакција