Подршка за финалното гласање за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, премиерот Зоран Заев, деновиве треба да бара и од лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
И Алијансата на Албанците, како и Беса на Касами со предлог уставни амандмани бара промена на македонскиот Устав.
Од Алијансата меѓудругото бараат албанскиот јазик и неговото писмо да се употребуваат на целата територија на државата, а зборовите „македонскиот народ“ да се заменат со „граѓани“, за да се истакнел мултиетничкиот карактер на државата.
По излегувањето на Алијансата на Албанците од Владата, Села, но и поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, кој сега е градоначалник на Гостивар, многу често го критикуваат лично Заев, но и работата на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев
Фото: Фејсбук/Села