еМагазин
Image default
Македонија

Марјан Николов: Најдискриминирани при вработување се оние кои не се ни СДСМ, ни ДПМНЕ

“Не е точно дека најдискриминирани во вработувањата биле од СДСМ. Најдискриминирани при вработувањето веќе 30 години се оние кои не се ни СДСМ, ни ДПМНЕ. Ваквата логика на министерот за МИОА е она што ги тера ранливите граѓани на Македонија да бидат заробени од партиите. Затоа граѓаните ги гледаат партиите како биро за вработување, токму поради ваквото резонирање на овој човек од СДСМ, а кој во Владата треба да размислува сосема поразлично“, пишува на својот Фејсбук профил, претседателот на Центарот за економски анализи и независен консултант, Марјан Николов, за изјавата на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека членовите на СДСМ, 10 години биле дискриминирани при вработување во јавните институции.

„Сакам да укажам дека во просек, еден вработен, кој не е член на ниту една партија во јавен сектор придонесува за продуктивност, повеќе отколку било кој вработен по партиска, братучетска или баџанатската линија.

Партиските вработувања зачинети со братучетски и баџанатски вработувања носат економски трошок на изгубен развој на државата (истиснува вработување на квалитетни кадри, носи повисоки трошоци за субвенционирање, иселување, низок квалитет на услуги и сл.).

Разорачувачка е оваа самоуверена изјава на овој партиски кадровник, кој мерката за правда му достига до партиското трло!„, пишува Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Која мајка изгубила син…у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

Твитер го „утепа“ министерот Дамјан Манчевски: „Дискриминирани биле они јадните“

Манчевски за непотизмот во државните институции: Каде да одат членовите на СДСМ, треба ја напуштат државата?

Фото: Фејсбук/Николов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Редакција

Директорката на АД „Аеродроми“ Миликије Халими завршила економски факултет?

Редакција

Џафери: Предлогот за измена на Уставот пристигна во Собранието

Редакција