еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Мириса на нов бојкот

Пред неколку дена еМагазин објави три можни сценарија, кои ќе следат на политичката сцена по непостигнувањето на цензус на референдумот за името.

Според првото сценаро власта и ВМРО-ДПМНЕ ќе се договорат за уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција и истите ќе бидат изгласани со над 80 пратеници во Собрание (колку што е минималниот праг).

Засега оваа сценарио изгледа невозможно, иако власта не се откажува од истото.

Според второто ќе има предвремени парламентарни избори кон крајот на ноември или најдоцна почеток на декември, а медиумите истото го проценуваат како многу реално. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се за избори, ДУИ не, што не оди во прилог на оваа сценарио.

Ако има избори тие треба да бидат распишани веќе следната недела.

Третото пак сценарио, кое е најнеповолно за Македонија е ако има избори, истите да бидат бојкотирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа сценарио добива на цена деновиве по јавната „преписка“ на двете најголеми партии во земјава, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара избори според „Пржинскиот модел“, нов јавен обвинител, предложен од опозицијата кој треба да ги истражи „нерегулаторностите“ на референдумот и Анкетна комисија во Собрание која исто така треба да работи на „нерегулаторностите“ на референдумот.

СДСМ вели апсолутно НЕ.

Кое од овие сценанира ќе ни стане реалност ќе биде познато за брзо време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ одбива: Како треба да изгледа техничката влада според „Пржинскиот модел„

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада, нов јавен обвинител и комисија се неприфатливи

Три постреферендумски сценарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илјадници деца во 62 градови ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” најавувајќи го Божиќ

Редакција

За надоместоци на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани исплатени 32,5 милиони денари

Редакција

Важни совети од Пановски за вакцинираните со „АстраЗенека“ но и другите вакцини

Редакција