Голем број реномирани странски медиуми ја објавија веста за апсењето и притворот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е третообвинета во случајот „Рекет“.
За настанот се зинтересираа дури и медиумите од Кина. „China daily“ (Чајна дејли) во сторија со наслов „Главната обвинителка на Северна Македонија притворена поради наводна злоупотреба на моќта“ ги пренесува изјавите од прес-конференцијата на Oбвинителството за овој случај и потоа дава бекраунд од пишувањата на македонските медиуми.
„Ројтерс“ објави сторија за апсењето на Јанева со детално објаснување за целиот случај и вмешаноста на другите „актери“.
„Emerging Europe“ исто така објави за апсењето на Јанева. Во текстот се опишува целиот случај и се пренесува дека премиерот Зоран Заев бил критикуван поради тоа што го нарекол Бојан Јовановски „педер“, како и дека потоа се извинил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По притворот на Катица Јанева: Непристоен предлог е „Рекет“ да не се политизира
Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?
Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?
Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?