Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чуствуваат силни и безбедни.
Ова го напиша Отец Пимен по повод освојувањето на шампионската титула на Вардар, но и вмешувањето на многу политика поврзани со ставовите на ракометарот Стојанче Стоилов.
„Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови. Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.
Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.
Стојан Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донесол многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа. Капа долу Ел Капитано“, рече Пимен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје
Фото: Град Скопје